Турисрички места ресторани кои може да ги посетите додека сте во Скопје

Езеро Mатка
Езерото Матка е многу убаво.Тоа е заобиколено со високи карпи. Иако тоа е вештачко езеро не значи дека не е исполнето со многу 
убавини.Таму можете да кајакарите на брзи води, да ги разгледате преубавите пештери да уживате во убав ручек со прекрасна глетка и да пешачите на околните планини. Ако сте љубител на планинарење може да го посетите црквичето Св. Никола, а  таму ќе уживате во зелените ливади.
Водно
Водно е планина која се издига над градот Скопје ,до врвот на Водно има многу пешачки патеки, за мрзливите до врвот може да стигнете со жичницата, а до жичницата со автобус. 
Кале и Стара Скопска Чаршија
Калето е тврдина која се издига над Скопје, тоа е обележје на градот заедно со камениот мост.Тврдините се забележуваат од плоштадот на градот и до нив можете да стигнете пешки, преку чаршијата . Во чаршијата ќе наидете на стари занаетчии, убави ресторани и слаткарници. 

Популарни постови са овог блога

Ресторани во Скопје